Камери од „Сејф сити“ снимиле како Стојанче три пати ја удира Ивана
Видео од камерите од „Сејф сити“ покажува како обвинетиот Стојанче Јовановски и удрил 3 шлаканици на сопругата Ивана само три часа пред самоубиството, односно околу 11 часот утрото на 2 март 2026 година. Насилството се случило на јавен простор, односно пред влезот на гимназијата „Нова“ во Карпош, пренесе Фокус.

На снимката која беше пуштена во судница како доказ се гледа дека откако сведокот Мартин Саздов си заминал со возилото БМВ по средбата со Ивана кај гимназијата „Нова“, по него спротивната страна доаѓа Стојанче Јовановски пешки. Во 11 часот и 7 минути се забележува како Ивана влегува во кадарот на камерата од „Сејф Сити“, односно во моментот кога со Стојанче се среќаваат на влезот на училиштето и застануваат на тротоарот.
…






