Ноќна акција: „Исчезнаа“ тезгите на влезот од Чаршијата

Прривремени објекти на влезот во Старата скопска чаршија, каде што се продаваа бижутерија и магнети за туристи, се отстранети во текот на ноќта.

Од снимките испратени до редакцијата на Скопје1 се гледа дека работници синоќа вршеле демонтажа на тезгите на еден најфреквентните влезови во чаршијата.

Овој дел од чаршијата подолго време беше исполнет со импровизирани штандови, кои, според реакции на граѓани и туристи, го нарушуваа изгледот на просторот и движењето на пешаците. Истовремено, се правеше профит без да се плати соодветен надоместок за дел од нив.

Back to top button
Close