Судијата Ѓоко Ристов лично ги заѕидал 350.000 евра, има негова ДНК на фолијата во која биле завиткани парите

Апелациониот судија Ѓоко Ристов лично ги заѕидал 350.000 евра во семејниот дом на неговите родители. Оваа информација денеска беше споделена на брифингот на Обвинителството за гонење на организиран криминал. Обвинителката Искра Хаџи Василева појасни дека има негова ДНК на фолијата во која биле завиткани парите, а нешто што го докажало вештачењето.
-Во целост ќе ги докажеме двете кривични дела за кој го обвинивме судијата. Крајот на истрагата го потврди високиот степен на сомневање кој го имавме уште на почетокот. Со текот на постапката доказите уште повеќе ја зајакна нашата теза, а ја демантираше таа на одбраната, истакна обвинителката.
Таа посочи дека во јавноста веќе имало резерва, од професори, за кривичното дело перење пари.
-Земено обвинителски наше е да гониме кога мислиме дека треба. Во однос на квалификацијата ќе си каже судот. Ќе кажам само, без да видите предмет, да коментирате и тоа секогаш кога се затекнати елитите, во најмала рака не е академски, рече обвинителката.
Таа појасни дека перењето пари значи прикривање на извор, локација и движење.
-Имаме скриени пари, за кои имаме непобитен доказ дека обвинетиот лично ги крие и сам ги ѕидал. Вештачењето покажува дека ДНК на материјалот на фолиите е на Ристов, рече обвинителката, која дополни дека имаат уште многу докази кои укажуваат дека парите се на судијата, а кои не може да ги оправда.
Исто така била испитана тезата на обвинетиот дека парите се од продажба на имот, но докажале дека тоа не е точно и тоа уште од почетокот на истрагата.
Покрај парите, при претресот било пронајдено и ливче на кое биле запишени броеви на неколку судски предмети.
Повеќе на фокус.мк






