Пезешкијан: Иран ќе се стреми кон прекин на војната со чест и достоинство


Иран ќе се стреми кон „запирање на војната наметната од САД и израелскиот режим, притоа зачувувајќи ја својата национална чест“ – изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, пренесува државната агенција ИРНА.

За време на посетата на противпожарна единица, Пезешкијан ја истакна важноста на мудрото управување во воени околности. Тој изрази благодарност до пожарникарите и до екипите за итна помош за нивниот ангажман за време на четириесетдневната војна.

Тој посочи дека целта на Техеран е да ја контролира тешката ситуација со достоинство, со цел државата да се фокусира на обнова и на решавање на проблемите преку прецизно планирање.

Осврнувајќи се на економските последици, Пезешкијан нагласи дека по завршувањето на воените дејствија, земјата ќе се соочи со предизвици како што се обезбедување финансиски ресурси и контрола на цените. Според него, надминувањето на овие тешкотии е можно само преку солидарност и соработка на сите нивоа во општеството.

Back to top button
Close