Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Неколку средни училишта во Загреб утрово добиле дојави за наводно поставени експлозивни направи, поради што веднаш била спроведена евакуација на учениците и вработените, а наставата не започнала.

Како што се наведува во дојавите, заканувачките електронски пораки пристигнале околу 07:10 часот на адресите на повеќе образовни установи, по што биле алармирани надлежните служби и полицијата.

Полицијата излегла на терен и во тек се детални проверки на училишните објекти, кои се целосно евакуирани од безбедносни причини.

Од загрепската полиција засега соопштуваат дека дополнителни информации ќе бидат објавени по завршувањето на увидите и проверките од специјализираните единици.

Овој случај доаѓа само еден ден по слични дојави во Сплитско-далматинската жупанија, каде што околу 50 училишта добиле пораки за поставени бомби.

По спроведените проверки, сите претходни дојави се покажале како лажни.

Back to top button
Close