Трагедија во Кисела Вода: Градежници затрупани во ископ за нова зграда

Голема трагедија се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, во која најмалку двајца градежни работници се затрупани со градежен материјал при ископ и подготовка на теренот за изградба на нова зграда.

 

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен во 08:17 часот во СВР Скопје. При ископот, работниците биле затрупани со земја, по што веднаш била активирана спасувачка акција.

Двајца од затрупаните работници се извлечени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Нивната здравствена состојба засега не е официјално соопштена.

Третиот работник сè уште е под урнатата земја, а на терен се ангажирани екипи на Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита, кои работат на негово извлекување.

Спасувачката акција е во тек, а надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините за несреќата. објави Скопје1.мк

Немилиот настан се случил на улицата „Козјак“ зад кафулето „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“. На местото на настанот во моментот има амбулантни возила, полиција, пожарна…

Следуваат повеќе детали…

Back to top button
Close