Загинатиот на градилиштето во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка

Загинатиот во несреќата што се случи вчера на градилиште во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка.

– Вчера во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул. „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели, со земја биле затрупани работници. Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – информираа вчера од полицијата.

Скопското обвинителство издаде наредба за обдукција за починатиот.

„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција за починатиот. Државниот инспекторат за труд и Општинскиот градежен инспектор, исто така, ги истражуваат причините за несреќата и почитувањето на прописите за безбедност при работа“, порачаа вчера преку соопштение од ОЈО.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close