(ВИДЕО) Започна првомајскиот протест на ССМ, работниците на улица: „За плата се бориме, не се молиме“
Пред Работничкиот дом во Скопје започна протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија, организиран по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Голем број работници, синдикалци и граѓани се собраа со барања за повисоки плати, подобри услови за работа и поголема заштита на работничките права.
Протестниот марш ќе продолжи кон Владата на Република Македонија, каде демонстрантите ќе ги испратат своите пораки до институциите.

Низ толпата се истакнуваат бројни транспаренти со силни пораки: „За плата се бориме, не се молиме“, „Работниците го хранат капитализмот – тие ќе го срушат“, „Долу капиталот, ослободување на трудот“ и „Власта – слуга на капиталот“,објави Скопје1.мк
видео:тв24





