Емери меѓу кандидатите за тренер на Реал

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, е меѓу главните кандидати да седне на клупата на Реал Мадрид, објави денеска „ТокСпорт“.
Шпанскиот стратег го замени Стивен Џерард на кормилото на Астон Вила во ноември 2022 година и има договор со клубот од Бирмингем до лето 2029 година, но според британските медиуми, Емери би можел да се врати во својата татковина по крајот на оваа сезона.
Емери претходно ги водеше Виљареал, Валенсија, Севиља и Алмерија и поголемиот дел од својата кариера го помина во Шпанија. Со Севиља и Виљареал, освои вкупно четири трофеи во Лига Европа, во периодот помеѓу 2013 и 2021 година.
Реал Мадрид е во потрага по нов тренер за следната сезона, откако го назначи Алваро Арбелоа за привремено решение по отказот што му беше врачен на Чаби Алонсо на почетокот на годината






