12 години затвор за Стојанче Јовановски – виновен е и за наведување на самоубиство на Ивана

 

Дванаесет години затвор му изрече судијата Ивица Стефановски на Стојанче Јовановски обвинет за загрозување на сигурноста, телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана чиј живот оконча на 2 март годинава со пад од балкон заедно со шестгодишната ќерка Катја. Тој е прогласен за виновен за сите три кривични дела што му се ставаа на товар. За првпат во Македонија е изречена казна за наведување на самоубиство како кривично дело.

За сите три дела на Јовановски изречена му е максимална казна – за телесна повреда 5 години, за загрозување на сигурноста 3 години и за наведување и помагање во самоубиство 5 години. Согласно Законот за кривична постапка, единствената затворска казна е 12 години.

Обвинителството побара тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата.

Back to top button
Close