Сонував да не ме однесат во амбуланта во некое планинско место, пред мене немаше доктор Албанец во Градската болница: Османи за Охридскиот договор и „Балансерот“

Говорејќи за „Балансерот“, Законот за правична застапеност и Охридскиот договор, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи информира дека на времето се вработил во болница затоа што Рамковниот договор ги обврзува институциите.

Вели дека неговиот сон бил „да не ме однесат во некое планинско село во амбуланта“.

-Не сум можел да сонувам дека можам да се вработам во Скопје во државна болница. Се вработив откако беше донесен Охридскиот договор. Вие не сте поминале. Градска болница каде што го добив моето прво вработување, претходно немало друг доктор Албанец. Како тоа? Имало дипломирани, но немало шанси тие да се вработат во системот бидејќи ги исклучувал во името на таа медитокрација. Затоа дојде до конфликтот и затоа го потпишавме историскиот договор за конфликтот да го претвориме во соживот. Нема доволна волја за јазикот – создадовме инспекторат. Нема доволно волја за вработувања – создадовме механизам. Сега се укинува тој механизам, рече Османи во емисијата „Само интервју“.

Додава дека „Балансерот“ ги штитеше Македонците и дека сега некој сака да го дискредитира.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close