Изгоре „порше“ на обиколницата кај Радишани

Вчера попладне на скопската обиколница, кај клучката во населбата Радишани, целосно изгоре автомобил марка „порше“.
На местото интервенирала Противпожарната бригада на Скопје, додека полицијата го регулирала сообраќајот, кој во тој период се одвивал забавено.
Според информациите од терен, возилото се запалило додека било во движење. Жената која управувала со автомобилот не е повредена.
Полицијата работи на утврдување на причините за пожарот.
Извор: skopje1.mk






