Ново одложување на автопатот Кичево-Охрид — Владата одобрила рок до крајот на 2029 година

Рокот за изградба на автопатските делници Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани, што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, е продолжен за две години и новиот краен рок сега е декември 2029 година, соопшти денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Историскиот автопат се гради од 2014 година, а изградбата ја следеа големи тешкотии и постојани прекини. Досега за овој автопат се потрошени преку 700 милиони евра од парите на граѓаните.

Николоски вели дека последното продолжување следува по барање на надзорот, кој посочил дека проектот бил во застој околу две години во времето на претходната влада. Според него, Владата го прифатила тоа барање, но не се очекува зголемување на цената на проектот.

Николоски рече дека на терен имало сериозни инфраструктурни предизвици, меѓу кои преместување оптички кабли, електрични водови, водоводна и канализациска мрежа, како и главниот канал за наводнување во Полошко.

Тој додаде дека делницата Гостивар–Букојчани е технички посложена поради планинскиот терен кај Буковиќ, додека на потегот Тетово–Гостивар се градат повеќе клучки и надвозници за поврзување со околните населени места

Back to top button
Close