Истрагата за ,,ТЕЦ Неготино” е затворена по одлука на обвинителката Коларевиќ, предметот не бил рефериран кај републичкиот Савески

Предметот за „ТЕЦ Неготино“, кој тежеше околу 167 милиони евра, а за кој Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска ја запре истрагата, не бил рефериран во републичкото јавно обвинителство.

Републичкиот обвинител Ненад Савески за „Фокус“ потврди дека од републичкото обвинителство не било побарано мислење, што значи дека одлуката за запирање на истрагата била донесена во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Предметен обвинител во овој случај беше обвинителката Катерина Коларевиќ, која на денешниот брифинг за новинарите, посочи дека немала дилема за предметот и затоа не побарала мислење.

Случајот уште во 2023 година го отвори Државната комисија за спречување на корупција, а истрагата беше отворена во март лани. По 14 месеци обвинителката Коларевиќ донесе одлука да го затвори предметот.

Со оваа одлука пропадна еден од најголемите случаи, во кој имаше сомнеж за криминал од над 160 милиони евра, по сериозните сомнежи на МВР од пред околу една година дека се злоупотребувале тендери за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино.

Повеќе на фокус.мк

Back to top button
Close