Битолчанец со нож си ја убил 31-годишната сопруга

Утринава околу 6:40 часот осомничениот со нож ја нападнал својата сопруга со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на самото место

Триесет и тригодишен битолчанец А.Р. рано утринава со нож ја убил својата сопруга. Од здобиените повреди, 31-годишната А.В. од Битола починала на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

„Полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р. (33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 6:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. (31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close