Ѓоргиевски за назначувањето на Миро Кацаров: Тоа е времено решение
По реакциите во јавноста откако вчера беше обелоденето дека ТВ водителот Миро Кацаров е назначен за вршител на должност директор на Универзалната сала, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски за изјава за Курир вели дека Кацаров е привремено решение и дека оглас за избор на директор ќе биде објавен следната недела.

– Кога станува збор за тоа кадровско решение, јас морам да истакнам во јавноста, лицето Миро Кацаров е вработен во таа институција со години наназад. На директорот кој претходно беше на таа позиција, му заврши мандатот и ние моравме да ставиме таму вршител на должност директор. Лице кое ќе ја извршува должноста додека да спроведеме нов оглас. Зошто? Затоа што првиот оглас пропадна таму. Ние имавме еден оглас таму кој го спроведовме, дали немаше доволно интерес во јавноста, можеби и недоволно јавен беше процесот, но доведе до тоа да пропадне огласот и не можев јас таа институција да ја оставам вработените да немаат плата, вели Ѓорѓиевски во изјава за поткаст на Курир.
Ѓоргиевски ги повикува сите заинтересирани што ги исполнуваат условите, да аплицираат на огласот.
– Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните, вели Ѓорѓиевски.





