#СподелиАвторка слави 5 години: Женско авторство, феминистичка мисла и заедница
Иницијативата #СподелиАвторка годинава одбележува пет години постоење, пет години посветени на ширење на женското писмо, феминистичката и квир литературата, поддршка на авторки и создавање простор за заедничарење.

По тој повод, на 19 мај (вторник), со почеток во 18:00 часот, во Лабораториум ќе се одржи роденденски настан отворен за јавноста.
Настанот ќе вклучува:
собирање донации на книги
разговор за заедничарењето, феминистичката мисла и потребата од простор за женски гласови
работилница за препев на поезија со платформата Медуза
поетско читање со поетесата и новинарка Александра Спасеска
музичка програма со DJ Marigo
Во изминатите пет години, преку #СподелиАвторка се донирани повеќе од 5000 книги во над 20 јавни и независни библиотеки, младински центри, заеднички простори и библиотеката на женското одделение во КПУ Идризово. Иницијативата овозможи феминистичката литература и делата од жени авторки да стигнат до читателки и читатели низ различни градови и заедници, особено во помалите и маргинализирани средини.
Иницитијавата го проширува и поддржува женското творештво на македонски, албански, босански, српски, ромски и аромански јазик, а иницијативата создава простор за видливост и поддршка на авторки од различни позадини и искуства.
#СподелиАвторка не е само иницијатива за донирање книги, туку практика на солидарност, заедничарење и алтернативна инфраструктура на знаење. Таа ја враќа библиотеката како жив јавен простор, место за средба, учење и колективна меморија.
Петгодишнината на #СподелиАвторка не претставува затворање на едно поглавје, туку продолжување на процесот на читање, споделување и поддршка.
Дизајн на постер: Теано Кардула






