За првпат во историјата Светско првенство во фудбал во Македонија нема да се гледа на МРТ

За помалку од еден месец почнува Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а за првпат еден фудбалски Мундијал нема да го гледаме на каналите на Македонската радиотелевизија.
ФИФА ги објави носителите на преносите и на таа листа ја нема МТВ. Кај нас, но и во регионот правата за пренос на најголемиот фудбалски настан ги има телевизијата „Арена Спорт“.
Иако засега не е официјално потврдено, според најавите натпреварите би требало да ги гледаме со коментар на македонски јазик. Инаку, досега МТВ редовно ги пренесуваше најголемите репрезентативни фудбалски настани, исклучок е само Еврпското првенство во 2008 година кога правата ги доби „Алсат“.
Ќе потсетиме, Мундиајлот почнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, Македонија за жал не успеа да избори место откако загуби во баражот против Данска. Кога во прашање се претставници од регионот, ќе ги гледаме селекциите на Босна Херцеговина и Хрватска.
Ова Светско првенство ќе биде и прво со 48 репрезентации, а исто така и прво кое се организира во три држави.






