Унгарија ги затвора вратите за работници од земји што не се во ЕУ


Новата унгарска влада се соочува со реакции од компаниите и од инвеститорите поради планот од следниот месец да престане со издавање визи за работници од земји надвор од Европската Унија, објави „Ројтерс“.

Центристичката партија Тиса на премиерот Петер Маѓар, која ја прекина долгогодишната власт на Виктор Орбан по изборите во април, најави дека мерката има цел да ги заштити работните места и платите на унгарските граѓани.

„Нема да дозволиме странски работници да им ги земаат работните места на Унгарците и да ги намалуваат платите“, стои во програмата на Тиса.

Back to top button
Close