(Видео) Марш на ангелите“ во Виница: Трагедијата во „Пулс“ е од институционално непостапување и потписи без контрола

Денеска во Виница се одржа 43-от „Марш на ангелите“. Почетокот беше од плоштадот „Ангел Винички“, од каде граѓаните маршираа низ градот во знак на почит кон 63-те згаснати животи и како поддршка за сите семејства што и денес се соочуваат со последиците од трагедијата во Кочани. Учесниците испратија порака дека сеќавањето на загинатите не смее да згасне, но и дека одговорноста за трагедијата не смее да остане само симболична.

-Иако институциите упорно ја туркаат приказната дека клучната причина била јаглерод моноксидот, останува фактот дека кај најмалку 21 жртва е утврдено присуство на водороден цијанид над граничните вредности. Очигледно за некој 21 човечки живот се статистика што одговара на наративот, па затоа денеска слушаме спинови дека кај поголемиот дел не бил пронајден цијанид. Факт е дека цијанидот е екстремно токсичен гас кој во услови на пожар, може драматично може да се забрза, особено при висока температура, чад и недостаток на кислород, изјави Тања Коцева.

Таа додаде не смее да запрен одговорноста само кај сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов. Како што вели, тука започнува и прашањето за директната одговорност на институциите што не вршеле контроли.

-Каде биле инспекторите на ДЗС чија законска должност е да спроведуваат противпожарна безбедност и опасни материјали? Каде биле градежните инспектори, инспекторите од ДПИ кои требало да утврдат дали објектот воопшто ги исполнува условите за работа? Како е можно никој од нив да не констатира дека со години во затворен јавен објект има полиуретанскиот сунѓер кој што испушта смртносен цијанид при пожар? Денеска сите си ги набројува обврските кои што требал да ги исполни. Како е можно во оваа држава, секој знае што не направил, ама никој не чувствува одговорност за последиците? Како сите чекале некој друг да им каже да спасуваат животи? Ова не е само трагедија од пожар туку од институционално непостапување, од потписи без контрола, кажа Коцева.

 

На минатонеделниот марш во Кочани порачаа дека ова е повик за вистина, правда и системски промени кои ќе спречат вакви несреќи да се повторат во иднина.

Back to top button
Close