Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

Вчера во 18:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот.

Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close