Вучевиќ се сретна со Мицкоски во Скопје: Меѓусебната почит и соработката важни за иднината на регионот
Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, соопшти дека денеска во Скопје се сретнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и премиер, Христијан Мицкоски, пренесува TВ21. Тој информираше дека со Мицкоски разговарале за зачувување на стабилноста во регионот и за зближување меѓу Северна Македонија и Србија.

„Добар и конструктивен разговор во Скопје со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Северна Македонија. Разговаравме за понатамошно зајакнување на соработката меѓу Србија и Северна Македонија, зачувување на стабилноста во регионот, зближување на нашите народи и соработка меѓу Српската напредна партија и ВМРО-ДПМНЕ. Добрите односи, меѓусебната почит и соработката се важни за иднината на целиот регион“, напиша Вучевиќ.
Фото: ФБ пост на Милош Вучевиќ






