Делови од Старата чаршија во Скопје денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (17 мај) без електрична енергија ќе останат делови од општина Чаир.

Според најавата, прекин во снабдувањето со струја ќе има во периодот од 08:00 до 15:00 часот кај корисниците од Старата чаршија, односно дел од улиците „Покриена чаршија“ и „Самарџиска“.

Од компанијата апелираат граѓаните навремено да ги прилагодат своите активности додека траат зафатите на електричната мрежа.

Извор: skopje1.mk

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close