ОЈО Скопје бара 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиството кај Сарај

Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото.

Постои основано сомнение дека кривичното дело – Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик го извршил 19-годишник од истото село, кој е лишен од слобода, објави 4news.mk

Но, имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание на сведоци и прикривање на трагите, како и ризик осомничениот да изврши друго кривично дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерка краткотраен притвор од 48 часа до обезбедување на сите докази и формално отворање на истрагата.

Back to top button
Close