Двајца државјани на Индија повредени при градежна работа во Македонија

Две лица од Индија, вработени во градежна компанија биле повредени при извршување на работни задачи.
„На 15.05.2026 година во Медицинскиот центар во Гостивар била укажана лекарска помош на двајца државјани на Република Индија, вработени во градежна компанија. Лицата се здобиле со тешки повреди при извршување на работни задачи на трасата во с. Бајница. На 14.05.2026 година околу 13:00 часот, работникот Д.Б.(36), поради невнимание со градежна машина „ланчер“ ја повредил раката, додека исиот ден околу 18:00 часот М.А.(37) при слегување од работна машина се здобил со повреди на ногата“, соопшти полицијата.
Известен е Трудов инспекторат и се преземаат мерки за документирање на настаните.






