СДСМ: Мицкоски, Филков и Максим – наместо дефокус, испратете ги документите за Груевски

Соопштение на СДСМ

Наместо Мицкоски, Филков и Максим да ја дефокусираат јавноста од Реформската агенда со секојдневни бесмислени кампањи, подобро е да ги испратат документите за екстрадиција на Никола Груевски.

Не можете повеќе да бегате од вистината.

Време е, откако признавте дека НАТО е феноменален, дека Преспанскиот договор е „ремек-дело на дипломатијата“, дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се апсолвирани и заштитени – прво да се извините на граѓаните, а потоа да ги испратите документите за екстрадиција на Груевски.

 

Наместо да го трошите времето на граѓаните со секојдневен дефокус, покренете ја постапката за најголемиот криминалец и бегалец на Македонија.

Граѓаните не сакаат нови шоуа и нови теории на заговор. Граѓаните бараат одговор:

Дали документите за екстрадиција на Груевски се испратени или не?

Време е за вистина. Време е за правда.

Реформи сега. Правда сега. Европа сега.

 

Back to top button
Close