ВРЕДИ: Против кого протестираат децата на функционерите на ДУИ?
„Денес гледаме еден политички парадокс: луѓето кои со години ги контролираа институциите, денес преку своите деца протестираат за проблемите што самите никогаш не ги решија. Кога ДУИ имаше министри, пратеници и апсолутна власт, зошто молчеа за овие неправди?“ прашуваат од владината коалиција ВРЕДИ.

Од таму велат „Никој не е против студентските протести. Но кога студентските каузи се користат за политичко враќање на истрошени фигури, тогаш граѓаните имаат право да се сомневаат. Студентите заслужуваат решенија, а не политичка манипулација“.






