Го фатија жив додека крадел во браварска работилница во Прилеп, 26-годишник заврши со лисици на рацете


Вчера во 12:15 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, во круг на браварска работилница, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Ј.(26) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување на кражба од објектот.

Украденото било вратено на сопственикот, а по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Back to top button
Close