(ВИДЕО) Втор протест на албански студенти, кои бараат правосудниот испит да се полага на албански јазик

Денеска во 16:30 часот започна протестот на албански студенти, кои бараат да се полага правосудниот испит на албански јазик.
„Обединете се со студентите – сите заедно“, гласи слоганот на протестот, кој е втор протест организиран од албански студенти како резултат на, како што велат, отфрлањето на нивното барање од страна на министерот за правда.
На денешниот протест беа истакнати повеќе транспаренти со политички и националистички пораки и се носеа албански знамиња, како и знамиња на ЕУ и САД.
Дел од пораките гласеа: „Студентите не се предаваат“, „Овој јазик има маченици зад себе“, „Не ми ја допирајте иднината“, „Знаењето нема забранет јазик“, „Политиката го зароби Уставниот суд“…






