(ВИДЕО) Тепачка на денешниот протест во Скопје, има уапсени

 21:00

На денешниот протест во Скопје, на кој албански студенти бараа право да полагаат правосуден испит на албански јазик, се случи тежок инцидент, кога групa млади луѓе, кои биле меѓу учесниците на протестот, започнаа меѓусебна физичка пресметка.

Според она што се гледа од снимката што ја објавија повеќе медиуми, се чини дека едно момче е нападнато од група од пет-шест напаѓачи.

Телевизијата „Алсат“ објави дека некои од учесниците во инцидентот биле уапсени.

Back to top button
Close