Манасиевски: Филипче и натаму не го осудува говорот на бугарската министерка која не нарече „северномакедонци“, напротив соработува со нашите негатори

Филипче и натаму не го осудува говорот на бугарската министерка која не нарече „северномакедонци“, напротив соработува со нашите негатори. Венко Филипче скоро две недели наоѓа изговори и не го осудува недостоинствениот говор на бугарската министерка Петрова Чамова која не нарече „северномакедонци“, Филипче дури и се гордее на тие успеси со кои ја потчинија државата пред останатите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче не се огради ни од изјавите на неговиот член на ИО Рубин Земон кој за Гоце Делчев рече дека е мит и дека не направил ништо за Македонија.

Со ваквите мекотелни политики, Филипче им дава простор на бугарските власти да не уценуваат и да велат дека има мала група на политичари во Македонија која ќе им ги исполни нивните барања.

Филипче и натаму останува лојален кон Бугарија, од причини само него познати. Но, добро е да каже дека тие причини се уцена од група бугарски политичари поради неговото криминално минато со Зоран Заев.

Филипче да престане со политиката на негирање на Македонија и да не води мекотелна политика. Македонија има своја историја, култура, идентитет и јазик, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи преговарање за овие теми.

Back to top button
Close