Во битолско приведен маж поради агресивно однесување, сопругата пријавила дека ја нападнал малолетната ќерка


Вчера во 21:40 часот во битолско село, полициски службеници од СВР Битола го приведоа И.К.(50) од селото затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување.

По извршен службен разговор, тој бил спроведен во здравствена установа.

Додека, на 19.05.2026 во 00:35 часот во СВР Битола, неговата 44-годишна жена пријавила дека на 18.05.2026 околу 18:30 часот, агресивно се однесувал во семејниот дом, ѝ се заканувал и физички ја нападнал малолетната ќерка.

Back to top button
Close