СП2026: Јужноафриканците го одложија патот поради проблеми си визите

Фудбалската репрезентација на Јужна Африка го одложи патувањето во Мексико поради проблеми со визите, само 11 денови пред почетокот на Светското првенство.

 

Јужноафриканската репрезентација требаше да отпатува за Мексико во недела за да ги почне завршните подготовки за мундијалскиот турнирот.

 

Министерот за спорт на Јужна Африка, Гејтон Мекензи, ја нарече ситуацијата срамна и побара од Фудбалската асоцијација на Јужна Африка извештај, нагласувајќи оти мора да се преземат мерки против одговорните за таквата ситуација.

 

„Изгледаме како будали“, рече тој.

 

Подоцна на социјалната мрежа Икс беше објавено дека тимот ќе замине за Мексико во текот на денешниот ден.

 

Јужна Африка го отвора претстојното Светско првенство во Мексико Сити на 11 јуни против домаќинот Мексико.

Back to top button
Close