Шешељ ќе нè однесе во ЕУ!

Додека Црна Гора и Албанија пливаат по високи опасни далги, ние са давиме во плитки води!

Мерсел Биљали

На фудбалскиот еден натпревар на Црвена Ѕвезда, српските националистички навивачи држеа транспарент на кој пишуваше „Кога војската ќе се врати на Косово“. Вучиќ ги поздрави со показалецот! Познати се бројни тешки провокавии со Косово – Банско, киднапирањето полицајци, експозија на каналот Ибар-Лепенец, итн. Познаниците на Вучиќ велат дека тој може без храна, баз вода и без воздух, но не и без власт!

Предвремените парламентарни избори во Србија стануваат сè поизвесни. Вучиќ се спрема за тешка манипулација, која неодамно ја извежбал по едни мали општини. Но, сепак тој се тресе, не поради загубата на изборите, туку поради страв од нивна реакција по покрадата на истите. Затоа тој секој ден се продава за „турбо-патриот“, за да ја обесхрабри таа силна студентска енергија. Сега Вучиќ е скаран со скоро со сите околни држави, кои би сакале да ја „уништат“ Србија! Лови „странски окупатори“ и „домашни предавници“, и чувствителен е штом се спомне внатрешна политичката криза. Во Србија и привидот за демократија веќе не се почитува.

За почеток, тој се обидува на јавноста да продаде прикаска дека Србија е загрозена од сите страни, од Хрватска, БиХ, Црна Гора, Албанија и Косово. Ја поштедува само Македонија затоа што знае дека тука има свои експоненти. А албанскиот дел од власта има рибја уста и не сфаќа дека и малите дупки знаат да потонат голем брод. Скопје молчел и на провокацијата на српската пратеничка Милица Стаменковска, која пред некое време од „Солунска глава“ го испофали херојството на српската војска во „одбрана на својата земја“! Власта нит видела нит слушнала!

Непријателите на Србија!

Вучиќ пред некој ден изјави дека најголема закана за Србија е „воениот сојуз“ на Загреб, Приштина и Тирана. Тоа го кажа и во Минхенската безбедносна конференција. „Наскоро ќе присуствувам на состанокот на Генералштабот и Министерството за одбрана и ќе ги посетам сите фабрики на воената индустрија“ – кажа тој со вокабулар типичен на неговиот политички татко – Шешељ. Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ истакна дека „трилатералната соработка договорена минатата година не загрозува никого“.

Вучиќ станува сè поголем проблем не само за Србија, со која тој владее автократски повеќе од 14 години, туку и за целиот регион. Неговите провокативни изјави се дел од неговото секојдневие, но пораките упатени од Доња Градина (БиХ), за време на комеморацијата на жртвите од Јасеновац, се крајно проблематични и убивстени во контекст на смирување на односите во овој дел од Европа.

Вучиќ таму ја повтори изјавата за Хрватска, Албанија и Косово, за нивна воена соработка и идни заеднички вежби. А тоа е главниот домен токму на неговата нацио-политика. Според албанскиот министер за одбрана Пир Венгу, таа соработка ќе биде во согласност со стратешкиот концепт на НАТО. На состанокот во Тирана се разговарало и за безбедносните предизвици, и за зголемувањето на интероперабилноста на одбранбените капацитети во согласност со евроатлантските стандарди. Вучиќ кажа дека е „многу загрижен“ од молчењето во меѓународните кругови за таквата алијанса.

И дека – „сите се преправаат дека не разбираат кога им поставувам прашање за воениот сојуз на Тирана, Приштина и Загреб. Сите се преправаат дека се глупави и раскажуваат бајки за воено-техничка соработка“, рече тој. И дека „некој морал да дал зелено светло за негово формирање“. Хрватскиот министер Анушиќ, одговори дека „ја консумираме декларацијата за соработката на нашите вооружени сили“.

Вучиќ сака излаз на море!

Како поинаку да се наречат пораките на Вучиќ за „култот на омраза кон Србите“ и „уништувањето на Србија“ однадвор, кога јавно ја критикува „одвојувањето на Црна Гора од Србија“ во 2006 година: „Бевме толку добри и послушни и толку многу го почитувавме нашиот збор, а сепак некој наредил – одвојте ја Црна Гора од нив“. Деновиве Вучиќ дури како да не сакал да патува во Црна Гора, оти некој ја „одвојувал“ Црна Гора со цел Србија да нема пристап до морето. „А подоцна да ни го одземат и Косово“! Лудничави соништа на психички пореметен гладијатор на кој за жал во Македонија многу му се верува! А секоја болна страст ветува толку многу, а дава толку малку, и тоа како одмазда вли Хенро Шо.

Српскиот свет на Шешељ и Вучиќ претендира враќање на Црна Гора и Косово под нивна чизма, а безгласно тоа го мислат и за Македонија. А овдешната власт замижува, додека проблемот сериозно се третира од НАТО! Вучиќ сака да почне со Црна Гора со „јогурт револуција“, со цел „двете очи да бидат во иста глава“. А Црна Гора е призната како држава од Берлинскиот конгрес во 1878 година (исто кога и Србија). За Вучиќ негирањето на правото на Црногорците на нација и сопствена држава е сè уште сосема нормална политика. Србија никогаш немала пристап до морето, но Александар Вучиќ сè уште, исто како во 1990-тите, кога тој, заедно со Воислав Шешељ, го нарекуваше хрватскиот дел од Јадранското Море „Српско Море“, настојувајќи да не се задоволи само со црногорскиот дел од Јадранското Море. Вучиќ сонува за делови од хрватската територија, ама тој сон го покрива со „опасност“ од една наводно регионална воена соработка. А самата во 2010 година потпиша билатерален договор со Хрватска за воена соработка. Договорот се уште е во сила иако Вучиќ перманенто се заканува на Хрватска. Целта е да се шират лаги и хистерии, бидејќи така полесно се оправдуваат огромните средства издвоени за вооружување на српските вооружени сили. Потценување на умот од човек кој самиот поддржувал агресијата против Хрватска, а сега да се жали на фактот дека Хрватска ќе ја нападне Србија. Самиот Вучиќ е заслужен што земјата под неговите нозе се лизга, а нервозата е уште посилна откако Виктор Орбан, заштитникот на Вучиќ во ЕУ, доживеа политичко фијаско на неодамнешните избори во Унгарија. Ако не се извлече од замката и Мицковски ќе се соочи со слична политичка хаварија.

Додека Вучиќ и Шешељ ронат солзи за Црна Гора, Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста во Тиват, изрази големо задоволство што оваа генерација црногорски политичари и граѓани има историска можност да ја води Црна Гора кон полноправно членство во Европската Унија. А Вучиќ и Шешељ веќе 13 години продолжуваат да се борат со ветерниците. Нивната политика се темели на говор на омраза, ширење страв и ширење етничка нетолеранција. Бидејќи како поинаку да се објасни бесрамната манипулација на Вучиќ со невините жртви на Јасеновиќ, кои му служат само за неговите дневнополитички потреби, без никаква самокритика или одговорност за поттикнување на дел од хрватските Срби да се судрат со сопствената држава, кое заврши со нивен голем екзодус.

ЕУ за Вучиќ е посакувана колку и за Шешељ!

Прикаските на Вучиќ за членство на Србија во ЕУ се продукт на црн хумор на Шешељ. Тука почнавме и ние да ги следиме. Додека ЕУ мака мачи со некакво „членство без членство“, ние продолжуваме со идиотска политика. Ќе биде доцна да се пропрај идиотизмот штом ќе падне Вучиќ. Во време кога и Путин го исфрлил од употребна вредност, никој нормален не може да разбере што ќе ни нам Вучиќ! Навреда за секоја нација е да бара од други признавање идентитет. Па идентитетот постои за луѓето кои веруваат во него и за никој друг. Моментално од тоа корист има само отровниот Вучиќ. Поинаку штом нормалното го правиме невозможно, брзо пропаста станува неизбежна.

Црногорците го вратија чартер летот со 87 српски државјани, кои беа оценети како безбедносна закана за државата. Вучиќ се оправдал дека тие не биле криминалци, тукуто сакаа само да му приредувале убаво изненадување („одбор за добредојде“)! За да неговата „вистина“ добие во веродостојност, морало да и се додаде голема лага. Но, истражувачките новинари утврдија дека се работи за група криминалци со ептен дебели досија. Веројатно истите ќе ги видиме во Скопје во прва прилика. „Не е можно да се води политика на колебање помеѓу Русија, Кина и Европа. Патот на Србија кон ЕУ е отворен, но таа мора да одлучи на чија страна ќе биде“, рече Мерц.

 

 

Back to top button
Close