НБА: Две влезници за финалето продадени за еден милион долари


Два билети за третиот натпревар од финалната серија меѓу домаќинот Њујорк и Сан Антонио се продадени на аукција за еден милион долари, објави вечерва НБА лигашот Њујорк.

Победничката понуда за две места за познати личности на аукцијата за натпреварот, кој ќе се игра во 2 часот наутро по средноевропско време во вторник наутро во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, ја дадоа адвокатската фирма „Гибсон Дан“ и фирмата за приватен капитал „Веритас Капитал“.

Станува збор за прв натпревар од финалната серија што ќе се игра во „Медисон Сквер Гарден“ од 1999 година, а парите ќе бидат донирани на Фондацијата „Garden of Dreams“.

Раководството на Њујорк објави дека станува збор за најголема поединечна донација во историјата на Фондацијата.

Back to top button
Close