Единствено нешто што забрзува тука е – иселувањето

МАРАТОН ВО МЕСТО

Си мислев дека по 35 години веќе го трчаме последниот круг до целта, a сега премиерот Христијан Мицкоски ми вели дека треба допрва да се подготвиме за маратон за ЕУ. Најпрвин за да го „исправиме она предавство и онаа капитулација, која што претходната најкорумпирана во историјата македонска влада го направи за овој народ и за својата татковина“. И потоа „да се бориме и да се избориме, за нашите од другата страна на границата да го остварат своето човеково право, да регистрираат конечно своја институција, под која што ќе можат културно да се организираат“.

Значи ние, надвор од ЕУ треба да се бориме и да се избориме за правата на европските граѓани кои живеат во Бугарија. Ние ќе стоиме во место, а тие ќе трчаат сѐ подалеку и подалеку од нас затоа што се граѓани на ЕУ уште од 2007.

А зошто тие не се изборат за нашите права, таму во нивната татковина-членка на ЕУ, да престане да го блокира нашиот напредок во Европската Унија негирајќи ни го постоењето како Македонци? Па они таму гласаат и таму си ги бираат политичарите што ги застапуваат нивните интереси. Зошто речиси 20 години не успеале во нивната ЕУ држава да го направат изборна тема фактот дека Бугарија ја напаствува Македонија од најпримитивна причина – не го признава македонскиот идентитет?

 

 

Додека Владата со пропаганда, графикони и холограми нѐ замајува со некакви бројки, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ си живее во сопствената приказна дека „Македонија забрзува“, луѓето се иселуваат. Единственото нешто што забрзува тука е – иселувањето. Не си одат само младите. Цели фамилии забрзуваат. И тоа си одат сите, без разлика на етничка припадност, без разлика дали се спомнати или не се спомнати во Преамбулата на Уставот.

Па што правиме ние, еве веќе 35 години, ако не трчаме маратон? Па ова е ултрамаратон со голема висинска разлика. Уморни сме веќе од трчање во место. Уморни сме од сите оние што кога ќе дојдат на власт мислат дека нивниот маратон е најважен и од нив почнува трката. Сите нивни кариери ги истрчавме и уште сме далеку од победничкиот круг.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.МК

Back to top button
Close