Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари

Според водечкото саудиско спортско издание „Аријадија“, клубот на Кристијано Роналдо, Ал-Наср, е во длабока финансиска криза.
На раководството му е забрането да потпишува нови договори додека не се најде решение. Една опција е продажба на дел од клубот.
Долгот на Ал-Наср изнесува приближно 800 милиони ријали (над 200 милиони долари).
Сепак, и покрај финансиската криза, Роналдо инсистира раководството на клубот да одобри засилувања за тимот да биде поконкурентен во борбата за трофеите.






