Просинечки ја напушти клупата на Киргистан без официјален натпревар

Фудбалската федерација на Киргистан објави денеска дека е договорен спогодбен раскин на соработката со хрватскиот стратег Роберт Просинечки, кој ја напушта селекторската должност без да ја предводи репрезентацијата на официјален натпревар.
Педесетиседумгодишниот Просинечки официјално ја презеде должноста селектор на Киргистан во декември лани и ја предводеше репрезентацијата на Киргистан на четири пријателски натпревари со ефект од два порази и два нерешени исходи.
„Му изразуваме благодарност на Роберт Просинечки за неговата работа, придонесот во развојот на репрезентацијата и професионализмот. Му посакуваме успех и нови достигнувања во неговата понатамошна тренерска кариера“, објави локалното здружение.
Претходно во својата тренерска кариера, Просинечки беше селектор на Црна Гора, Азербејџан и Босна и Херцеговина, а на клупски план ги предводеше Црвена ѕвезда, Кајзериспор, Денизлиспор, Олимпија Љубљана и Рудеш.

Back to top button
Close