Европските лиги против Инфантино: За него нема иднина во ФИФА


Џани Инфантино нема иднина во ФИФА, изјави претседателот на Европските фудбалски лиги (ЕЛ), Клаудиус Шафер, нагласувајќи ја важноста од реформирање на светското фудбалско тело и одговорност на неговиот претседател.
Шафер, во интервју за „Атлетик“ објавено во средата, рече дека Организацијата на европските лиги, која претставува 35 лиги на континентот од Европската фудбалска унија (УЕФА), е длабоко загрижена од начинот на кој Инфантино раководи со ФИФА.
„Ја доведуваме во прашање неговата способност да продолжи како претседател. Тука во Швајцарија, внимателно ја следиме ФИФА и се чини дека влијанието на претседателот расте од година во година. Важни одлуки се донесуваат без значајни консултации со засегнатите страни“, посочи Шафер.
Инфантино е под силен притисок од повеќе страни во светот на меѓународниот фудбал поради контроверзниот план со кој се обиде да издејствува продажба на дел од комерцијалните права на ФИФА на приватни инвеститори.

Back to top button
Close