„Не постои промаја туку нефер луѓе кои шетаат болни“: Доктор Лазаров откри на што треба да внимаваме при промена на времето

Наглите промени на времето не се штетни за здравјето, ниту се директна причина за настинки. Докторот Ненад Лазаров посочува дека вистинскиот проблем е промената во секојдневните навики, особено фактот што со заладувањето почнуваме да поминуваме многу повеќе време во затворени простории.

„Наглите температурни разлики, односно промената на времето, не се штетни за здравјето, ниту се причина што настинуваме, напротив!“, потсетува Лазаров.

Тој објаснува дека со затворањето на прозорците се менува и начинот на кој го поминуваме денот. Во текот на работните и училишните обврски имаме бројни контакти со други луѓе, а потоа се враќаме дома, каде што можеме да ги пренесеме вирусите и бактериите со кои сме дошле во допир.

Лазаров нагласува дека настинката е вирусна инфекција и дека проблемот не е во промајата, туку во луѓето кои се болни, а сепак продолжуваат да се движат и да остваруваат контакти со други.

Back to top button
Close