Студентите во Србија: Можно е вечерва да се организира напад врз „Информер“ и вината да ни се префрли нам
Студентската листа во Србија предупреди дека вечерва во Белград би можеле да бидат предизвикани инциденти со цел одговорноста да им биде префрлена на студентите. Како можна цел на наводниот инцидент ја посочуваат редакцијата на провладиниот медиум „Информер“.

„Имаме причини да веруваме дека вечерва одредена интересовна група ќе се обиде да инсценира инциденти во Белград. Наводна цел на нападот ќе биде редакцијата на ‘Информер’, а одговорноста ќе се обидат да им ја префрлат на студентите“, се наведува во објавата на студентската листа.
Тие ги повикаа граѓаните да не се одѕиваат на вакви повици и критички да ги проверуваат информациите што ќе се шират.
„Знаеме кому му е во интерес студентите да бидат прикажани како насилници и нагласуваме дека тоа нема да им успее“, порачуваат од студентската листа.
Во објавата не се наведува во кого конкретно се сомневаат, ниту се приложени докази за тврдењата дека се подготвува инсцениран напад објави Скопје1.мк






