Родете пет деца и станбениот кредит може да биде целосно отплатен од државата — Левица со предлог-закон

Со предлогот се предвидува за секое родено или посвоено дете, државата директно да ѝ уплаќа по 20 отсто од сумата на банката за намалување на кредитот, а мерката би почнала да се применува од 1 јануари следната година

Државата да плаќа 20 проценти од првично одобрениот станбен кредит за секое родено или посвоено дете – ова е главната мерка предвидена со Предлог-законот за семејна и станбена поддршка предложен од пратеници на партијата Левица. Целта, велат оттаму е да им се помогне на младите семејства полесно да го решат станбеното прашање и истовремено да се поттикне наталитетот во земјава

Според предложеното законско решение, парите нема да им се исплаќаат директно на граѓаните, туку Министерството за финансии ќе ѝ ги префрла на банката кај која е земен станбениот кредит. Банката потоа ќе ја намалува преостанатата главнина, а со тоа и месечната рата на кредитот. Мерката е предвидено да почне да се применува од 1 јануари 2027 година, доколку законот биде донесен.

 

Колку пари би добивало едно семејство?

Предлогот предвидува државата да покрива по 20 проценти од првично одобрениот износ на кредитот за секое живородено или посвоено дете. Вкупната поддршка по корисник не може да надмине 100.000 евра во денарска противвредност, а исплатите не можат да надминат 100 проценти од главнината на кредитот.

На пример, ако едно семејство земе станбен кредит од 100.000 евра, за секое дете би се исплаќале по 20.000 евра за намалување на долгот. При пет деца, поддршката би достигнала 100.000 евра, односно целиот првично одобрен износ на кредитот. Исплатата би се вршела во рок од 60 дена од доставувањето уредно барање со потребната документација. Доколку преостанатиот долг е помал од износот што следува за детето, државата би го исплатила само преостанатиот износ

…

Повеќе

Back to top button
Close