Сино цунами го погоди Трамп, тој се закани дека ќе владее со вета
Претседателот на САД, Донал Трамп, кој доживеа катастрофален пораз во Конгресот и практично гласачите му пратија порака дека масовно се незадоволни од неговата функција, место да најави некаква промена во политиката, рече дека отсега натаму ќе владее со вета.

Запрашан како планира да се справи со контролиран од демократите Конгрес по среднорочните избори велејќи дека е подготвен да го отфрли законодавството на кое се спротивставува сè додека двете страни не најдат заедничка основа, Трамп одговори:
„Тие ќе испорачуваат работи што се луди и јас ќе ставам вето на нив.“
Трамп тврдеше потоа дека демократите веќе го повикуваат и дека веќе разговарал со неколку пратеници и дека има уште кои чекаат да се јават.
Иако гласовите се пребројуваат уште во седум држави утрово, јасно е дека поразот на републиканците ќе биде уште поголем, а не намален, со историски плав „бран“ во кој повеќе држави во САД што важеа за републикански ја сменија страната, токму заради резултатите од неговата политика.






