Барнам: Путин нема да биде поканет на самитот на Г-20 во Велика Британија во 2027 година

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да биде поканет на самитот на Групата 20 (Г-20) следната година, чиј домаќин ќе биде Велика Британија.

Прашан во интервју за списанието „Економист“ дали рускиот лидер ќе добие покана за форумот, Барнам одговори: „Не“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио во септември изјави дека Путин ќе биде поканет на годинашниот самит на Г-20 во Мајами. Рубио тогаш истакна дека рускиот претседател во Мајами ќе има можност да разговара со американскиот колега Доналд Трамп и со други светски лидери.

Русија останува членка на Г-20 и покрај напорите на западните земји да ја изолираат поради инвазијата врз Украина. Лидерите на земјите домаќини традиционално испраќаат покани до сите земји членки на оваа група.

Самитот на Г-20 во 2027 година е закажан за ноември, а светските лидери ќе се соберат во Манчестер. Барнам беше градоначалник на Манчестер од 2017 година до преземањето на премиерската функција во јули 2026 година.

Back to top button
Close