Избран е нов лидер на студентите на УКИМ

Вчера, на втората седница на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), бил спроведен избор на нов претседател на УСС на УКИМ, на кои Адам Стојановски е избран за студентски лидер.
Стојановски, кој е студент на Природно-математички факултет, освоил 21 глас, а неговиот противкандидат, Никола Манев од Технолошко-металуршкиот факултет освоил пет гласа, објави УСС на УКИМ на социјалните мрежи.
„На новоизбраниот претседател и на целиот состав на УСС-УКИМ им посакуваме успешна работа, исполнета со соработка, посветеност и реализирање на иницијативи во интерес на студентите на УКИМ“, се вели во објавата.






