Алкараз и Шелтон во борба за пехарот на Мастерсот во Париз
Карлос Алкараз и Бен Шелтон ќе играат во утрешното финале на Мастерсот 1000 во Париз откако денеска постигнаа победи против Каспер Руд односно Лука ван Анже. Алкараз за 87 минути игра постигна победа од 2-0 во сетови (6:4 и 6:4) против Руд. За разлика од четвртфиналето против Тејлор Фриц, Алкараз многу полесно стигна до победата.
Во првото полуфинале Американецот Бен Шелтон по 137 минути игра го победи францускиот тенисер Лука ван Анже со 2-1 во сетови (5:7; 6:3 и 6:4).
Во меѓусебните дуели Алкараз води против Шелтон со 3:1 во победи, но последниот меч на УС Опен годинава му припадна на Шелтон. Алкараз на Мастерсот во Париз пристигна со титула од турнирот во Виена и има серија од девет последователни победи.






