Алијанса за Албанците бара ДКСК да отвори постапка за злоупотребата на државните канцеларии од страна на Изет Меџити за партиски состаноци

Лидерите на коалициските партии во нелегитимната Влада грубо ги злоупотребуваат државните институции и ресурси.

И како член на ДУИ, и како градоначалник на општина Чаир, но и сега како член на ВЛЕН, Изет Меџити ги злоупотребува владините канцеларии за партиски состаноци и активности.

Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори постапка за злоупотреба на државните институции од политички функционери за партиски цели. Го повикуваме и вицепремиерот за добро владеење да ги извршува службените должности и да ги санкционира незаконските дејствија на неговите сопартијци.

Ваквите постапки се неподносливи и сериозно законско прекршување и го откриваат вистинското лице на коалиционите партии ВЛЕН, кои државните институции ги гледаат само како алатка за партиски придобивки.

Алијанса за Албанците 

Back to top button
Close