Амбасадорката Брнз го поздрави договорот за избори на 15 јули

Амбасадорот на САД во Република Северна Македонија,Кејт Брнз, на твитер ја поздрави информацијата дека предвремените парламентарни избори се закажани за 15 јули.

– Ја поздравувам информацијата дека изборите се закажани за 15 јули. Идниот Парламент и Влада се соочуваат со исклучителни одговорности и што ќе влијаат врз иднината на државата, вклучувајќи го и Ковид – 19, како и пристапните преговори со ЕУ. Со нетрпение чекам да продолжи и продлабочи нашето партнерство, напиша амбасадорката Брнз на твитер.

Back to top button
Close