Америка нуди награда за информации за лидерите на оваа група: Повеќе пари отколку за Бин Ладен

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека САД би можеле да понудат голема награда за информации за талибанските лидери во Авганистан, пишува Телеграф.рс. На социјалната мрежа Х, тој сподели гласини дека талибанците држат повеќе американски заложници отколку што е кажано.

Државниот секретар не даде дополнителни информации за тоа колку Американци држат талибанците.

Портпаролот на талибанците претходно потврдил дека двајцата Американци биле ослободени и разменети за Кан Мухамед – авганистански државјанин кој во САД е осуден на доживотен затвор и ја отслужувал казната во САД поради наркотероризам, велат од Ројтерс.

Американските медиуми објавија дека двајцата ослободени се Рајан Корбет и Вилијам Мекенти, додека Џорџ Глејзман, поранешен механичар на авиокомпании и Махмуд Хабиби, натурализиран Американец, сè уште се во заробеништво во Авганистан.

Back to top button
Close