Андријана Јаневска е пејачка на годината, Врчак и ДНК имаат песна на годината: Доделени 25 награди на Златна бубамара
Синоќа во Арена Борис Трајковски се одржа 27-то издание на забавната манифестација ,,Златна бубамара на популарноста”, и беа доделени награди во 25 категории.
Шоуто кое е едно од најпопуларните во земјава секоја година минува со гостувања на музички ѕвезди од земјава и регионот, но и со уникатен хумор, најчесто на сметка на општествените случувања кои ја одбележале изминатата година
Годинава мотото на манифестацијата беше ,,Кој чека ќе дочека.
Во продолжение, листа со наградените на Бубамара 2024:r1
Тинејџерска ТВ серија – „Тин-Камп“
Балетска претстава за деца – „Петар Пан“
Трајни вредности за афирмација на танцот – Тодор Миладинов
Трајни вредности во народната музика – Нино Величковски
Трајни вредности – Д-р Миодраг Врчаковски – текстописец
Посхумна награда за животно дело – Кире Костов
Спортист на годината – Игор Стефановски-Иџе
Спортски успех – Одбојкарска репрезентација
Најпопуларен спортист – Никола Ѓоргиев
Концерт на годината – Владо Јаневски
Животно дело – Драган Мијалковски
Трајни музички вредности – Жељко Самарџиќ
Актерка на годината – Наталија Теoдосиева
Најпопуларен млад актер – Сергеј Димовски
Театарска претстава – „Ало, ало“, продукција на Театар „Комедија“
Спортска легенда – Кире Лазаров
Етно песна на годината – Давид Темелков и „Моја Македонија“
Проект на годината – СИМБИОЗА -Танец и НОБ
Типографија-дизајнирање македонски кирилични фонтови – Ласко Џуровски
Дуо на годината – Александар и Дац
Пејачка на годината – Андријана Јаневска
Албум на годината – „Македонијо, во срце те носиме“
Најпопуларна нова институција – Национален џез оркестар
Награда за уникатни музички вредности – Рамбо Амадеус
Песна на годината – ДНК & Врчак – Посреќна.